Вести
Израел се откажа од контранапад на Иран по разговорите со САД
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се откажа од одмаздата против Иран по разговорите со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави Њујорк Тајмс.
Весникот наведува дека во телефонски разговор, Бајден го одвратил Нетанјаху да одобри итен одмазднички напад против Иран откако Техеран минатата ноќ лансираше околу 300 беспилотни летала и проектили врз Израел.
Според извештаите, неколку членови на израелскиот воен кабинет биле за започнување на одмазднички напад врз Иран, но тој бил откажан бидејќи не била предизвикана сериозна штета во иранските напади, како и поради разговорот на Нетанјаху со Бајден, The Times of Israel.
Да потсетиме, Бајден рече дека САД го поддржуваат Израел кога се во прашање заканите од Иран, но дека нема да учествуваат во евентуален напад врз Иран.
Иран го започна нападот врз Израел како „одмазда за бомбардирањето на нивните дипломатски објекти во Дамаск“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница