Поврзи се со нас

Гостивар

ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ ја круниса годината со концерт, течат подготовки за јубилејот 7 децении постоење

Објавено

на

Со голем завршен концерт на песни и ора, градското аматерско културно уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар, ги заокружи активностите за 2019-та година. Концертот се одржа во Центарот за култура АСНОМ, на програмата се најдоа повеќе сплетови на ора и песни Беранче, Водарки, Тресеница, во изведба на фолклорните групи од сите возрасти.

Во текот на годината што ја оставаме зад нас, гостиварското културно-уметничко друштво оствари десетина концерти, гостувања и настапи. Во 2020-та ќе слави значаен јубилеј, 7 децении постоење.

„Освен концертите во Гостивар, годинава имавме гостувања во Македонски Брод, Брвеница, а учествувавме и на меѓународен фолклорен фестивал во Бугарија, заедно со културно-уметнички друштва од осум држави. Веќе ги започнавме подготовките за одбележување на јубилејот, а програмата ќе ја објавиме кон крајот на јануари“, изјави Анте Тодоровски, секретар на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

На завршниот концерт солистички настап имаа и пејачите Перо Пандилоски и Мирослав Крстески.

Младите гостиварци покажуваат интерес да ја продолжат мисијата на друштвото за негување на традициите и македонскиот фолклор, чии почетоци датираат уште пред Втората светска војна, а се официјализирале со првиот настап во 1950-та година во старата гостиварска Соколана.

Публиката и денес, на завршниот концерт, несебично и од срце, нивните настапи ги награди со аплаузи.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена