Гостивар
Голем пожар во НП Маврово, во гаснењето вклучен и хеликоптер

На територијата на НП Маврово од вчера активен е пожар на поголема површина во кој се зафатени пасишта, смрека и папрат. Според последната информација од ЦУК во текот на денот во гаснењето на огнот интервенираат пет лица вработени во Националниот парк, а ангажиран е и хеликопкер.
„За настанатата состојба известен е градночалникот на Општина Маврово-Ростуше и истиот известил дека поради непристапноста на теренот и лицата кои интервенираат во гаснењето на пожарот не можат да се справат со истиот, па поради тоа од негова страна беше побарано до директорот на ЦУК, Ангелов, ангажирање воздухоплови за гаснење на пожарот. Хеликоптерот на МВР веќе дејствува, при што полни вода од Мавровско Езеро.“, извести ЦУК.
Според информациите од раководителот на Секторот за операции и координација во ЦУК, Горан Стојановски, освен во мавровско, посериозен пожар на отворен простор има и во тетовско, над Ѓермо на Шар Планина, каде што двата крака се изгасени и се дејствува да се изгаси и третиот крак во координација со ренџерите од НП ,,Шар Планина” и други сили според потребите и условите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?