Поврзи се со нас

Гостивар

Еко акција во паркот и околу болницата во Гостивар-Да направиме добро дело!

Објавено

на

Група граѓани од Гостивар ова саботно претпладне го посветија на еколошка активност за чистење на отпадоци, расфрлани во зеленило од несовесни поединци. Акцијата ја спроведоа во делови од градскиот парк и округот кај општата болница.

Настанот во Гостивар го организираа Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) и Планинарското друштво Шари, во рамки на одбележувањето на Денот на добри дела, глобално движење кое обединува над 110 земји ширум светот во правење различни добри дела.

„Акциите со добри дела може да бидат различни, од чистење, уредување на јавни површини, посета на стари лица, донирање на храна за загрозени лица и сл. Ние се одлучивме да иницираме акција за чистење поради очигледниот проблем со многу диви депонии и ѓубришта. Целиме да се зголеми свеста кај граѓаните за здрава и чиста животна средина. Вклучувањето на граѓаните и младите во вакви акции оди тешко, но ние го правиме она што е наша мисија, дефинитивно е потребен активизам, поголемо учество во животот во заедницата. Се надеваме дека со почести вакви акции ќе се зголемува и интересот кај младите и генерално кај граѓаните за учество“, рекоа од АДИ.

Од Планинарското друштво Шари порачаа дека јавните површини треба сите да ги чуваат, отпадоците да се фрлаат во корпите наменети за тоа, природата да се сака и почитува како најголемо богатство и граѓаните во што поголем број да поддржуваат еко активности.

Вреди да се спомене дека најмладиот учесник во денешната акција Андреј Јаќимоски има само 9 години, и е пример како треба да се градат еколошки вредности.

Македонија, на иницијатива на повеќе граѓански организации, годинава за прв пат се вклучува во одбележувањето на Денот на добри дела. На денот на добрите дела, од жителите се очекува да направат добро за доброто на другите и на планетата, применувајќи ја едноставната идеја дека секој човек може да направи добро дело, било да е големо или мало, за да ги подобри животите на другите и позитивно да влијае на светот.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 32 минути

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 2 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 7 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 8 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 9 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 11 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 12 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена