Гостивар
Гостивар домаќин на Балканскиот куп во традиционално турско стрелаштво

Во Гостивар денес се одржува финалето на Балканскиот куп во традиционално турско стрелаштво, Тозкопаран Искендер. Во турнирот учествуваат натпреварувачи од седум балкански земји, кои ги измеруваат силите и прецизноста во стрелање со лак и стрела на прилагоден терен за таа намена, во големиот градски парк.
Настанот е во организација на Институтот „Јунус Емре“ и турската Фондација „Стрелци“ од каде изразија задоволство од текот на купот и целокупната атмосфера која владее меѓу учесниците, гостите и посетителите во Гостивар.
Почетокот на натпреварувањето го проследи градоначалникот Арбен Таравари.
„Задоволство ни е што Балканскиот куп во стрелаштво, кој секоја година се одржува во различни градови, годинава се организира во нашиот Гостивар. Посакувам успешно натпреварување на сите и секако, нека победи најдобриот“, рече градоначалникот на кого организаторите му врачија симболичен подарок, стрела.
Купот се организира во рамки на проектот „Кеманкеш“ чија цел е презентација на турското стрелаштво во светот и придонесување во насока на зголемување на интересот на идните спортисти кон овој древен спорт.
Турнирот во Гостивар ќе се заокружи доцна попладне со културно-уметничка програма и доделување на наградите за најдобрите стрелци, во машка и женска конкуренција. Според најавите се очекува присуство на амбасадори, претставници на повеќе организации и други високи гости.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја