Гостивар
Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Иако првично беше најавено дека прекинот на водоснабдувањето во Гостивар денес ќе трае до околу 15 часот, чешмите на гостиварци се‘ уште се суви и по поминати три и пол часа од одредениот термин. Од Јавното претпријатие Комуналец на фејсбук околу 18.10 часот напишаа дека се појавиле компликации и се работи на санирање на дефект.
„Поради компликации на терен при работата за приклучување на резервоарот на село Здуње на главната водоводна мрежа на Гостивар и дефектот во село Равен, не беше можно враќање на водоснабдувањето во очекуваното време.
Техничките екипи на претпријатието интензивно работат на санирање на дефектот. Поради оваа причина, се извинуваме и го очекуваме вашето разбирање.“, стои во објавата.
Информација кога точно граѓаните ќе добијат вода за сега нема. Прекинот е од утрово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава