Гостивар
Гостивар ја пребродува кризата со корона, официјално 14 оздравени пациенти
Кризата со коронавирусот на гостиварското подрачје постепено се надминува. Состојбата е стабилна без пораст на заболени, оценуваат надлежните. Од вкупно 19 дијагностицирани лица со коронавирус во трите општини од регионот Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше, 14 се оздравени. Два случаи завршија со смртен исход, а моментално како активно заболени се водат 3 пациенти.
„Може да кажеме дека состојбата доста се стабилизира. На нашето инфективно одделение моментално се двајца пациенти. Едниот треба да се потврди како оздравен со втор негативен тест и пациентка од Ростуше, чиј резултат на коронавирус е негативен, но со оглед на дијагнозата пневмонија, лекарите проценија дека треба да болнички да се лекува до понеделник. Нови заболени нема, бројот на оздравени задоволува, и може да се каже дека Гостивар полека ја пребродува кризата. Секако граѓаните треба да продолжат да ги следат и почитуваат мерките за заштита, за да не дозволиме нови случаи и ширење на болеста“, изјави директорот на болницата во Гостивар, Јакуп Јакупи.
Повеќе од два месеци, болницата функционира под посебни мерки за заштита и само за итни и недоложни пациенти. Јакупи вели дека очекуваат во наредниот период да се почне со нормализирање на работата на сите одделенија и болнички амбуланти.
„Откако трае вонредната состојба сме имале 15-тина хируршки интервенции, се пружат и услуги на пациентите кои се неодложни, што значи дека никој пациент со итна потреба не бил оставен незгрижен. Ние веќе изготвивме план, како постепено ќе се нормализира работата, а за конкретни рокови чекаме насоки од Министерството за здравство“, рече Јакупи.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!