Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар ќе добие центар за поддршка на млади бизнисмени, иноватори, занаетчии…

Објавено

на

Во Гостивар ќе биде отворен Младински ресурсен центар за поддршка на млади претприемачи. Центарот ќе биде регионален и ќе пружа услуги за младата популација од целото полошко подрачје. Ќе се одржуваат обуки, курсеви, младината ќе добива бесплатни стручни совети и насоки за своите бизнис идеи и креации, како и правна помош. Проектот е на Министерството за труд и социјала и Општина Гостивар, во соработка со УНДП, а со финансиска поддршка на Швајцарската Амбасада.

„Се надевам дека овој ресурсен центар ќе продонесе младите луѓе да не бегаат од нашата држава и да остануваат тука, да ги започнат тука своите бизниси, нормално секогаш со поддршка на општината и централната власт“, изјави градоначалникот, Арбен Таравари.

Министерката Мила Царовска рече дека овој центар е од огромно значење за полошкиот регион и ќе биде голема поддршка на младите. „Овој регион има огромен бизнис потенцијал и тоа го гледам од спроведување на мерките и програмите од Оперативниот план за 2019 година. Од вкупно воспоставени 1.484 бизниси од програмата Самовработување за 2019 година дури 350 се во полошкиот регион. Исто така, ме радува што од вкупниот број отворени бизниси дури 38 % се од млади лица. Владата продолжува да инвестира во младите. Со најновата мерка Младински додаток, секое младо лице до 23 годишна возраст вработено во производство ќе добива месечен надоместок од 3.000 денари. Исто така, активните мерки за вработување од Оперативниот план се прават во консултација со бизнисите, се со цел да се овозможи поголема вработливост на младите лица. “, изјави Царовска.

Според најавите, Младинскиот ресурсен центар ќе биде отворен следната година во просториите на поранешниот колеџ „Јахја Ќемал“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 41 минута

Излезеноста на претседателските избори до 13 часот на државно ниво е 23.95 %

ИЗБОРИ 2024пред 57 минути

Во Гостивар до 13 часот на парламентарните избори гласале 17,25 %, на претседателските 11,99 % од гласачите

ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Јавното обвинителство со оценка за изборниот процес

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Оценка на МВР за досегашниот тек на гласањето

Вестипред 3 часа

„АстраЗенека“ ја повлекува својата вакцина против Ковид, неколку месеци по признавањето за нуспојави

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

За победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови

Гостиварпред 5 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

На изборите може да гласаат и граѓани со лични документи чија важност истекла во периодот од 9 месеци

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Целосно упатство за гласање

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена