Култура
Гостиварци – Прва награда за Крстески, одличје за Михајловиќ на поетски фестивал во Бугарија
Меѓународен успех на гостиварци во областа на литературата. На интернационалниот поетски фестивал „Мелнички вечери на поезијата 2020“, поетот и писател од Гостивар Дејан Крстески доби прва награда за својата песна „Тело“.
„Не би можел да искажам колкава возбуда ми причини веста за добивањето на наградата на фестивалот. Задоволството е уште поголемо бидејќи станува збор за меѓународна манифестација која има долгогодишна традиција од 21 година и која ги обединува поетите кои пишуваат на некој од јазиците од јужнословенската група. Оваа награда ми значи многу поради фактот што моите песни се оценети како најдобри од страна на меѓународно жири, а воедно и ми ја враќа вербата во објективното и независно оценување, на кое не сме најчесто навикнати тука кај нас, во Македонија. Ваквите манифестации треба да послужат како пример дека најважни се квалитетот и пораката која песните ја испраќаат на читателот.“, вели Дејан.
Крстески е роден во Скопје, 1986 година. Дипломирал македонски јазик и книжевност на филолошкиот факултет и психологија на филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на збирките раскази „Поглед кон небото“ и „Чист хероин“, и на стихозбирките „Луѓе без лица“ и „Херои од хартија“.
На фестивалот „Мелнички вечери на поезијата 2020“, со признание се закити уште еден гостиварец. Жирито одлучи на поетот Александар Михајловиќ да му додели одличје за песната „Каде сме“. Роден е 1971 година во Гостивар, каде завршил гимназија, а школувањето го продолжил во Скопје на Педагошкиот факултет, отсек – одделенска настава. Михајловиќ е автор на стихозбирката „Алтани и други“.
Каде сме
Коренот треба да го знаеш
испреплетен в длабочина,
во земјата црна, меѓу црвите
коренот од семка изникнат
вито дрво израстено.
Корен да немаш
ќе речат старите
корен немало
не мислат така
туку останало од нивните стари
стари корења големи
останати исушени, скапани
таму се, останале засекогаш
да се препнуваме кога одиме
за да потсетуваат
на корењата наши.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди