Поврзи се со нас

Гостивар

Убава вест – Гостиварски театар настапува на јубилејното „Охридско лето“

Објавено

на

Ансамблот на Гостиварски театар ќе биде дел од 60-тото јубилејно издание на најголемиот фестивал во Македонија „Охридско лето“. Гостиварци во Охрид премиерно ќе ја изведат претставата „Полковникот птица“ од Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски.

Дејствието на „Полковникот птица“ е врзано со група на ментално болни луѓе, кои живеат во лудница. Таму по грешка стигнува хуманитарна помош, што пак нив ќе ги охрабри да се организираат да одат во Стразбур, да бараат правда и решение за својот проблем. Во претставата играат: Ѓорѓи Нешкоски, Елизабета Клинчаревска-Младеновска, Марко Дојоски, Береда Решид, Марија Кондовска, Аријан Ејупи, Дритан Лазами, Кујтиме Ахмети, Ајше Усеини и Берат Махмути.

Премиерата на Гостиварски театар е закажана за 26 август, на сцената „Долни Сарај“. Поради ковид пандемијата годинава, настаните на Охридско лето ќе се одржуваат под посебен протокол. Капацитетите ќе бидат исполнети само 50% со гледачи, а задолжително е носење маски и држење дистанца.

Свеченото отворање на фестивалот е на 4-ти август. На отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје Св. Софија, како и  Црквата Св Софија до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од дваесетина земји, Србија, Италија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Франција, Русија, Грција, Германија, САД, БиХ, Полска, Словенија Косово, Чешка, Албанија и Македонија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена