Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварецот Дејан Геговски добитник на Инженерски прстен, признание за најуспешните студенти-инженери

Објавено

на

Претседателот Стево Пендаровски, на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини им го врачи признанието „Инженерски прстен“.

Овогодинешни добитници на признанието се 12 дипломирани инженери (меѓу кои и гостиварецот Дејан Геговски): Марија Петрова од Архитектонски факултет – Скопје; Дејан Геговски од Градежен факултет, Скопје; Маја Шаревска од Машински факултет, Скопје; Моника Фиданчевска од Технолошко-металуршки факултет, Скопје;  Методија Буцевски од Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје; Анита Близнаковска од Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје; Јована Добрева од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје; Елена Соколевска од Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Скопје; Ана-Марија Стаменкоска од Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Скопје; Елена Стефова од  Природно математички факултет, Скопје; Марија Грујоска од  Факултет за природни и технички науки, Штип и Марија Наумоска Андреска од Технички факултет, Битола.

„ Верувам дека инженерскиот прстен веќе прерасна во успешен и оригинален проект кој ја остварува првичната цел – афирмирање на инженерските професии и нивното значење за општеството. Јасно е дека треба нашите приоритети уште повеќе да ги насочиме кон образованието и науката. Комоцијата на потрошувачките општества ја потисна жедта за  учење и знаење и ги релативизираше солидарноста, етичноста и постојниот систем на вредности. Како идни инженери вие треба да бидете фактори на промените и напредокот. Се надевам  дека ќе имате можност да создавате како идни архитекти, машинци, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски и шумарски инженери при што секогаш пред себе треба да ја имате мислата дека наша заедничка цел е да изградиме поправеден, похуман и поубав свет “, рече претседателот Пендаровски.

Признанието „Инженерски прстен“ го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот. Целта е  да се поттикне изучувањето на инженерството со што ќе се придонесе кон создавање на квалитетен инженерски подмладок.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена