Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварката Бериника Арслани ја промовираше својата прва стихозбирка „Среде еден убав сон како бајка“

Објавено

на

 

Во моите раце го држам тивко

мојот син дневник

Ги пишувам моите тивки зборови

и го отворам срцето кон небото.

На неговите страници ги собирам

моите зборови,

моите мисли

во срце ги чувам.

Ги чувам и моментите на насмевка и горчина.

Дури и ако никој не се сеќава на мене

мојот дневник ме чека,

затоа што јас се‘ уште сум жива

и мора да продолжам да го пополнувам.

Во мојот дневник

црвеното се меша со синото пенкало

тоа ги симболиизра моите чувства

измешано, но среќно.

Секоја вечер внимателно

го затворам мојот син дневник…

доаѓа е време за спиење и спуштање на дневникот.

Ова е една од песните во првата збирка поезија на младата Бериника Арсалани, која вечерва беше промовирана во Гостивар. Книгата е во издание на гостиварскиот Центар за култура, каде што и се одржа промоцијата во присуство на бројни гости, роднини, пријатели, љубители на пишаниот збор, професори, личности од јавниот и политичкиот живот. Стихозбирката е на албански јазик, носи наслов „Среде еден убав сон како бајка“ и содржи триесетина песни со различна тематика опфаќајќи го секојдневното размислување и чувства на еден млад човек, љубовта кон семејството, читањето итн.

„Ова е вечер со многу возбуда за мене, пресреќна сум, ви благодарам на сите што дојдовте, вашето присуство за мене е мотив да продолжам да творам. Во оваа прилика сакам од срце да се заблагодарам на сите што ме поддржаа и ми помогнаа да ја издадам мојата прва книга, особено на моите мајка и татко кои ми се најголемата потпора во животот“, рече авторката меѓу другото во емотивното обраќање на настанот во кое прочита и песна посветена на нејзиниот татко.

Директорот на Центарот за култура, Ход Мифтари истакна дека младите таленти се гордоста на Гостивар на која вреди да се пружи поддршка.

„Задоволство ни е што како установа стоиме зад издавањето на стихозбриката на Бериника. Секогаш сме подготвени да ги поддржиме нашите млади таленти и ќе продолжиме да го исполнуваме тоа и во иднина“, нагласи Мифтари.

Рецензент на збирката е магистар Шпенд Бајрами, педагог во медицинското училиште во Гостивар.

„Слободно можам да кажам дека ако прочитате некоја песна од Бериника, сигурно ќе ви се допадне и ќе бидете задоволни, а доколку ја познавате неа лично, ќе споделите посебна емоција при читањето на нејзините стихови.“, рече Бајрами.

Бериника Арслани е родена во Скопје 2004-та година, а живее и твори во Гостивар. Освен со пишување, се занимава и со сликарство и има реализирано самостојна изложа. Добитник е на повеќе литературни и награди за уметност.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена