Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварските пожарникари со турските колеги, извлекле преживеано лице под урнатините од земјотресот

Објавено

на

Групата пожарникари од гостиварската Противпожарна единица кои помагаа во спасувачките мисии по катастрофалниот земјотрес во Турција, се вратија дома. Осумте пожарникари од Гостивар поминаа околу една недела во градот Кахраман Мараш, кој беше епицентар на земјотресот и заедно со своите турски колеги трагаа по преживеани под урнатините. Велат состојбата таму била многу тешка, глетките страотни, а тие се обиделе да дадат се‘ од себе и да помогнат најмногу што можат.

Пожарникарите денес беа на прием кај градоначалникот Арбен Таравари.

„Во тие критични периоди по земјотресот нашите пожарникари дадоа свој придонес колку што можеа, а во такви тешки состојби секаква помош е добредојдена. Им се заблагодарив во мое име, но и во име на сите граѓани на Гостивар. Се надевам на следната седница на Советот на Општина Гостивар да иницирам да им се додели една материјална награда за нивната пожртвуваност.“, рече градоначалникот.

Гостиварските пожарникари со турските колеги, успеале да извлечат преживеано лице под урната зграда.

„Бевме во подрачјето кое беше најпогодено во земјотресот со најмногу урнати згради. Работевме со екипа пожарникари од тоа место и помагавме колку што можевме. Извадивме еден преживеан под урнатините и пет мртви тела“, кажа еден од пожарникарите, Арменд Емра.

Според последните податоци, над 40.600 луѓе загинаа во силниот земјотрес што ја потресе Турција на 6 февруари. Потрагата по преживеани и жртви од вчера е прекината, а тимовите за уривање почнаа да ги расчистуваат урнатините,

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена