Поврзи се со нас

Македонија

Грант за стартување бизнис за вкупно 2.000 невработени, Оперативниот план за вработување „тежи“ две милијарди денари

Објавено

на

Две милијарди денари за над 15 000 невработени лица се предвидени со годинашниот Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Како што беше речено на денешната промоција под мотото „Шанса за сите“, поддршката за отворање сопствен бизнис, како една од најбараните во Оперативниот план, ќе опфати околу 2 000 лица.

Во Оперативниот план се содржани и мерки за креирање нови работни места во микро, малите и средните претпријатија, како што се субвенции на плати и раст на правни субјекти, преку кои се планира да бидат директно вработени над 1 120 лица. Главен фокус ќе биде вработувањето на најранливите категории граѓани, долгорочно невработените млади лица, жените, Ромите,.., а преку посебен фонд е предвидена и поддршка за директно вработување на 150 лица со попреченост.

„Планот оваа година опфаќа 15 244 крајни корисници од кои 11 622 лица во мерки за вработување и 3 622 со услуги. Во креирањето на Оперативниот план главна цел е воспоставување функционална и флексибилна платформа за имплементација на мерки и услуги, при што ќе се понуди шанса за сите. Во дефинирањето на содржините, како општо правило се настојуваше да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 30 проценти. Ранливите категории на невработените лица останува уште еден од приоритетните цели на Оперативниот план, со што се потенцира општата заложба за еднакви можности за сите“, рече министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски.

Оваа година, додаде, посебен фокус ќе биде ставен на поддршката на развојот на домашните претпријатија, пред сѐ на микро, малите и средните бизниси, како и на обезбедување соодветна работна сила преку различните видови обуки во реални работни услови.

„Дигиталната трансформација и воведувањето нови зелени инвестиции, исто така се во фокусот на Оперативниот план за вработување“, напомена министерот.

Според него, оние што треба реално да се вработат, од државата не добиваат секогаш можност. Поддршката за бизнис секторот не им овозможува на компаниите да им дадат доволно високи плати на младите, поради што многу од нив заминуваат од земјата, но ако се гледа статистички, веќе си одат и повозрасни лица поради можноста за повисоки примања, повисоки плати и поквалитетен начин на живеење.

Директорот на Агенција за вработување, Ведат Османи потенцира дека секоја година година се одвојуваат се повеќе средства за Оперативниот план, а со тоа и се повеќе граѓани добиваат можност да се вклучат на пазарот на труд.

„Годинашниот Оперативен план сериозно ќе влијае на унапредување на состојбата на пазарот на труд во земјава. Сите 30 центри на Агенцијата за вработување се подготвени за негова реализација и се координирани со централната служба. Првите јавни огласи се веќе објавени, а останатите ќе се објавуваат етапно“, подвлече Османи.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан истакна дека и во годинашниот Оперативен план, УНДП во партнерство со Агенцијата за вработување ќе реализира неколку клучни мерки и програми за вработување и зголемување на вработливоста со фокус на ранливите категории.

-Програмата за развој на УНДП, како долгогодишен партнер на Владата и националните институции ќе ја продолжи соработката со сите релевантни чинители преку дизајнирање иновативни механизми за поттикнување на економскиот раст и развој на приватниот сектор и обезбедување еднакви можности за сите, рече Григорјан.

Сподели ја веста:
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 3 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 11 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 12 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 14 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 15 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 15 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 1 ден

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 1 ден

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена