Поврзи се со нас

Македонија

Укинат притворот за возачот осомничен за помагање во бегството на Палески

Објавено

на

По предлог на надлежен обвинител Судот го укина притворот за возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо.

На Стефан Димовски, кој е осомничен за помагање при бегството, определени му се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престојувалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Обвинителство, информираат дека максималното законски возможно траење на притворот за кривичното дело за кое се сомничи Димовски е три месеци.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Димовски, се сомнични дека го возел од Србија до Турција првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција.

За двојното убиство, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 32 минути

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 3 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 4 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 5 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 6 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 17 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 19 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 22 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 24 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена