Технологија
GTA V го слави својот десетти роденден

Поминаа точно десет години откако видео играта Grand Theft Auto V пристигна на PlayStation 3 и Xbox 360. Во објава на Twitter, Rockstar Games им се заблагодари на фановите, нарекувајќи ги „причината што GTA V напредуваше на толку многу генерации на конзоли“.
На играта, чии протагонисти се Мајкл, Френклин и Тревор, и беа потребни само три дена по објавувањето во 2013 година за да ја премине границата од 1 милијарда долари, побрзо од која било друга игра во историјата и најмногу што Rockstar некогаш заработил. Играта и денес урива рекорди и е број еден во продажба и до денес е продадена во 185 милиони примероци. Според извештајот на Take-Two Interactive, GTA 5 генерирала приход од 7,7 милијарди долари за компанијата.
Минатата недела, компанијата го објави пристигнувањето на нови содржини за GTA Online во чест на годишнината: нови костуми, оружје со тематски финиш, дополнителни режими на игра, автомобил Bravado Hotring Hellfire за членовите на GTA+, како и неколку други бонуси и колекционерски предмети во рамките на одредени мисии.
По првото издание на играта, Rockstar ја објави GTA V на две следни генерации на Xbox и PlayStation, додавајќи различни работи, вклучувајќи ја и релативно неодамна пристигнатата поддршка за следење зраци.
На денот кога една од нивните најпопуларни игри го слави својот десетти роденден, сè уште не знаеме многу за неговото продолжение. Покрај 90-те минути од играта кои беа објавени во видео формат, покрај оригиналниот код, од хакери – ништо не се знае за новата GTA VI. Се надеваме дека наскоро ќе добиеме повеќе информации.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!