Поврзи се со нас

Гостивар

ХЕС Маврово лани го надмина планот за производство на струја, 2023-та старт во добра кондиција

Објавено

на

Најголемиот хидроенергетски систем во Македонија, ХЕС Маврово, минатата година произведе повеќе струја од планираното. Податоците од оваа подружница на ЕСМ покажуваат дека за 2022-ра биле предвидени 210.029,59 мегавати струја, а мавровските хидроцентрали произвеле 368.177,19.

„Производството на електрична енергија лани е натфрлено и изнесува 175,30%. Надминување на планот имаше и во 2021-ва, кога процентот изнесуваше 192,42%. Резервите на вода во акумулацијата зависат од тоа каква е хидролошката година, нешто што ние го следиме постојано, ги регистрираме сите врнежи од дожд и снег и за минатата, може да кажеме дека беше релативно сушна година. Во 2022-ра сме регистрирале 106 денови со врнежи од дожд со вкупно воден талог од 861,50 милиметри на метар квадратен и 32 дена со врнежи од снег со вкупна висина на снегот од 270 сантиметри. Споредено со годините наназад, ланската е со помалку врнежи и од дожд и од снег, но со добра количина на воден талог.“, вели директорот на ХЕС „Маврово“, Ѓорѓи Божиноски.

Во годишниот план за 2023-та ХЕС Маврово планира производство на 335.335,46 мегавати електрична енергија.

„Ние, покрај Хидрометеоролошкиот завод сме единствените во земјава што вршиме мерење на висина на снегот, како и тежината. Со тоа определуваме колкава е резервата на вода во снегот. Моментално имаме 97.681.500 метри кубни вода резерви во снегот. Оваа календарска година ја почнавме со кота 1.215.96 метри надморска висина или резерва на вода 76.675.100 метри кубни. Претворено во енергија тоа е 94.465.500 киловат часови струја, што е за разлика од лани многу подобро. Котата е 6 метри повиска од лани. Сите девет агрегати се во одлична кондиција, подготвени да работат според потребите.“, вели Божиноски.

Освен редовните активности за одржување и ремонт на капацитетите, годинава ХЕС Маврово ќе биде вклучен во третата фаза на ревитализација на хидропотенцијалот, која има вкупна вредност од 36 милиони евра. Во тие рамки ќе се обновува турбинската опрема на хидроцентралите и критичните точки од градежен аспект. Како што информираат од компанијата, со ревитализацијата на турбинската опрема на ХЕЦ Врбен ќе се добие зголемување на инсталирана моќност 20-25%. Во рамки на проектот се прави и студија за Аџина река и други еколошки аспекти за Горнорадичкиот довод, во вредност од околу 200.000 евра.

Лани, ХЕС Маврово, кој е еден од најголемите и најсложените во македонскиот електроенергетски систем, прослави 65 години постоење. Во склоп на системот функционираат трите хидроелектрани Вруток, Врбен и Равен со вкупна инсталирана моќност од 199,4 мегавати или 42% од вкупната инсталираност на хидрокапацитетите во земјава.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Популарно изминативе 100 дена