Македонија
Хотелиерите може да аплицираат за сместување гости со ваучери за туризам

Министерството за економија објави јавен повик за пријавување на угостителски објекти за сместување на гости со ваучери од 12.000 денари за туризам, наменети за работници со ниски приходи.
На повикот може да се пријават сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) кои се лиценцирани и се во туристичките центри во земјава, како и туристичките агенции со А лиценца.
„Основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Република Северна Македонија и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа“, се наведува во огласот.
Пријавувањето е до 31 мај годинава, а вкупниот буџет за реализација на проектот е 15 милиони денари.
Ваучери за туризам ќе добиваат семејства чии месечни примања не надминуваат 30.000 денари. И за нив претходно ќе биде објавен пивик за аплицирање.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград