Поврзи се со нас

Здравје и убавина

И пролетното сонце знае да пржи – никаде без заштита

Објавено

на

Сите го посакувавме топлото време и едвај чекаме сончеви викенд денови за да излеземе од домовите и да уживаме во шетање надвор. Но, колку и да го сакаме сонцето, мора да бидеме внимателни да не ни наштети. Не треба да се залажуваме дека   не ни може ништо, само затоа што не е јули или август. За да си ја зачуваме кожата и нашето здравје, мерки на заштита мора да се преземат. И пролетното сонце знае да пржи и да предизвика проблеми.

Најпрво, набавете наочари со УВ заштита за да си го сочувате видот. Можеби ќе ве чинат малку повеќе пари, но ефектот е голем, па ваквите наочари се секако добра инвестиција.

Не заборавајте да носите капа. Главоболките од јако сонце не се ретки и затоа е најдобро главата да биде заштитена со капа, шешир, марама…Зависно од вашата желба и стил. Одберете светла боја за да ги одбива сончевите зраци. Истото важи и за облеката што ја носите.

Иако одите само на прошетка, а не на плажа, стручњаците препорачуваат да користите крем со заштитен фактор најмалку 15 за оние делови кои ви се изложени на Сонце овој период, како рацете или нозете. За лицето секако задолжително. Истиот да се намачка по кожата во доволна количина, бидејќи ако слојот е тенок, може да ја намали делотворноста за 50 проценти. Лицата со светла кожа и со поголем број младежи, треба да го зголемат факторот на заштита и да користат креми со фактор 30 и 50.

Заштитните спрејови, лосиони, креми се направени од мешавина на хемикали. Неорганските хемикалии ги рефлектираат, односно одбиваат сончевите зраци од кожата, а органските ги апсорбираат штетните УВ зраците, наместо кожата. Како што ги апсорбираат зраците, органските компоненти на кремата полека се распаѓаат и ослободуваат топлина.

Некои неоргански материи, вклучувајќи ги минералите како цинк оксид или титаниум диоксид, делуваат како физички блокатори на сонцето. Тие ги рефлектираат УВ зраците слично како што белата боја ја рефлектира светлината.

Колку е важно што мачкате по кожата, толку е важно каква храна внесувате. Менито во сончевите денови треба да изобилува со: домати, моркови, лубеница, спанаќ, лосос, јагоди, киви, зелка.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 8 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 8 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 17 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 24 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена