Поврзи се со нас

Гостивар

Интервју со Јетон Беќири, магистер инженер за индустриски менаџмент

Проблемот со отпадот и депонијата Русино се секогаш актуелни теми за Гостивар и полошкиот регион. За недостатоците на системот за упраување со отпадот, современите практики во таа област, состојбите во регионалната депонија Русино, ризиците и можностите за нивно подобрување разговараме со Јетон Беќири, магистер инженер за индустриски менаџмент од Гостивар, менаџер на регионалната депонија „Русино“.

Објавено

на

„Институциите да бидат внимателни со Русино, гостиварци не сакаат да се повторат еколошки катастрофи“

 

Додека во земјите ширум светот веќе од поодамна од отпадот се прават пари, Македонија се‘ уште се дави во диви депонии, ѓубришта, има примитивен систем на собирање и транспорт на сметот и тапка во место со управувањето со отпадот. Каква стратегија е потребна за да се подобруваат состојбите и реално има ли државата капацитети да спроведе таков процес?

Јетон Беќири: Може да констатираме дека низ светот отпадот веќе не е отпад, туку е ресурс за производство на нови производи, и ресурс за производство на обновлива енергија. Веќе низ развиените држави е почната и кампања за Нула отпад, а за жал во Република Северна Македонија отпадот е долгогодишен проблем, кој ја загадува животната средина со создавање на диви депони. Исто така, како проблем за неуспешно менаџирање со отпадот е системот за собирање, собирањето се реализира со камиони кои не се во добра кондиција со изминат век на употреба, а негативна улога имаат и поставените контејнери на несодветно место, и секако дел на неуспехот се и недисциплинираните граѓани. Министерството за животна средина и просторно планирање веќе донесе нов Закон за управување со отпад хармонизиран со законите на Европската Унија, се донесе и Стратегија за управување со отпад како и регионални и општински планови за управување со отпад, но тие планови не треба да бидат само во хартиена форма туку истите треба да се реализираат и на терен. За поуспешна реализација треба да се обединат повеќе институции како општината, јавните претпријатија, државниот инспекторат за животна средина  и МЖСПП.

Веќе има обезбеден кредит од ЕБРД и фондови од СЕКО за подобрување на ситуацијата, со овој проект треба да се надополнат јавните претпријатија со нови собирни камиони и контејнери за да се подигне капацитетот за собирање на отпад на време, како и изградба на нови санитарни депони кои ќе ги исполнуваат сите услови. Овој грант го предвидува и Русино пред се‘ со рехабилитација и затворање на постоечката депонија и изградба на нова модерна санитарна депонија.

Статистиката покажува дека во земјава еден човек годишно во просек создава над 460 килограми комунален отпад. Немаме развиено навика за селекција, еколошка одговорност, чувство за реупотреба… Што треба да се прави во тој правец? Можеби повеќе едукација, кампањи за подигнување на свеста или пак построго казнување?

Јетон Беќири: Растот на создавање отпад е тренд, и е резултат на многу фактори како: Зголемената употреба на стоки и пакување, купувањето на еднократни производи, растечката популација во поголемите градови,  технолошкиот напредок- како и недостаток на свест за рециклирање и одржливи практики.

А за сето ова да не создава проблеми треба да започнеме со едукација на сите генерации, со креативни кампањи, да се вклучат и финансиски кампањи со кои преку рециклирање со вендинг граѓаните ќе имат и финансиски бенефит, а бенефитот ќе ги мотивира за што повеќе да рециклираат.

Доколку овие услови им се овозможат на граѓаните тогаш се поставува и терминологијата-Загадувачот плаќа, и сите кои ќе загадуваат и нема да ја почитуваат поставената регулатива, треба да бидат казнети.

Кога зборуваме за казни би препорачал државата освен инспекторатот и комуналните радари, да создаде комунална полиција или да им даде ингеренции и на јавните претпријатија да можат да казнуваат во врска со отпадот, дека практиката укажува на пасивност на комуналините радари и инспектори во однос на казни за загадување на животната средина.

Ќе го завршам ова прашање со одговорот Едукација на прво место, а секако и казната е неопходна мерка.

Индустрискиот и медицинскиот отпад се посебна приказна и поголем ризик за загадувањето на воздухот и почвата. Какви мерки за тој проблем треба да се преземаат?

Јетон Беќири: Медицинскиот отпад, а и дел од индустрискиот отпад се категоризирани како опасен отпад, а опасниот отпад има и посебен третман. Сведоци сме дека овој тип опасен отпад се меша со отпадот од домаќинствата и тоа влијае врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така, сакам да потенцирам дека и многу други видови на отпад како: батерии, акумулатори, електронски отпад, отпад од хемикалии се мешаат од страна на домаќинствата, со комуналниот отпад и се депонираат во депонии за комунален отпад. Државата треба под итно да започне со изградба на една Централна депонија  за цела територија на Македонија, а депонијата да ги исполнува сите стандарди за индустриска депонија предвидени со закони и европски директиви, а опасниот отпад отакако ке се третира за неутрализација на опасноста, да се депонира во тоа депонија.

Медицинскиот отпад има третман кај нас, постојат соодветни компании кои го третират овој вид на отпад. Медицинскиот  отпад поминува низ процесот на автоклавирање, се стерилизира од бактерии и вируси и потоа се депонира, а дел и се согорува. За жал, во Гостивар при истражување во мојот магистерски труд  често наоѓав медицински отпад во контејнери и камиони на ЈП Комуналец,  тоа произлегува од непринципиелната  работа на некои  медицински установи кои избегнуват селекција на овој вид отпад заради скапиот третман. Ги повикувам сите надлежни инспекторат ДИЗС, ДСИ, како и општина Гостивар да ги интензивираат инспекциските надзори во овие институции и да спроведат строги казни, за да не се повторуваат веќе овие навики кои се штетни за здравјето на луѓето во целиот град.

Неодамна магистриравте на тема „Управување со комунален цврст отпад во општина Гостивар“. Кажете ни каде ги гледате главните проблеми во тој процес моментално и што би требало да се спроведе во иднина за Гостивар да дојде до менаџирање со отпадот според европски стандарди?

Јетон Беќири: Јас долги години се занимавам со истражување во опсегот менаџирање со отпад, така да одлучив тоа да го финализирам со мојата магистерска теза, на ова теза сум работел 2 години, со морфолошки анализи на создадениот отпад, анализа на состојбата за собирање, анализа на капацитет за дневно зачувуање на отпаод,  како и оние населени места каде не се организира собирање на отпад. Мојата хипотеза беше докажана како вистина и дека менаџирањето со отпад во општина Гостивар е делумно и дека од тоа се креирани диви депони и е загадена животната средина.

Недостиг на контејнери, недостиг на контејнери за селекција, стари нефункционални камиони, несобирање на време, некваликувани вработени како и недостигот на финансии се причини за неуспехот.

За подобрување на менаџирање со отпадот предлагам 2 решенија

1.Давање на концесија на приватниот капитал.
2.Општината да обезбеди финансии за реализација на идните итни мерки.

А мерикте би биле, вложување во  инфраструктура како минимум 6 нови камиони со различни капацитети, поставување на контејнери за селекција,  поставување на подземни контејнери со капацитет од 5м3 за подигнување на дневинот капацитет за складирање на отпадот, доделување на садови на домаќинствата во кои ќе се врши примарна селекција, и изградба на собирен и селективен центар каде собраниот отпад што може да се селектира, ќе се селектира и подготвува за реупотреба.

Доколку се реализира овој мој предлог според моите морфолошки анализи ќе можеме да селектираме дури 77% од создадениот отпад. Во 2022 Општина Гостивар има депонирано околу 22.500 тони отпад, а со селекција ке депонираме околу 5170 тони отпад, со селектираниот отпад ќе придонесеме за подигнување на циркуларната економија и ќе се намали штетното влијание врз животната средина.

Во подобрување на капацитетите за собирање и транспортирање на отпадот ќе треба да се вклучат и тие населени места во кои сега не се организира собирање, а тие се повеќе од 10-тина мали села што генерираат над 500 тона отпад кој се одлага низ селските диви депони.

Русино, која актуелно се користи како регионална депонија за полошките општини, е рак рана за Гостивар. Сведоци бевме на „планини“ отпад таму, пожари, смрдеа до градот, црна вода до нивите во блиските села, што пак доведуваше до протести на жителите и блокади. Русино сега е дел од проект за регионално управување со цврст отпад. Работите на терен малку се подобрија, но прашањето е: Дали и колку таа депонија може да го „издржи“ ѓубрето од цел Полог. Пред околу две години, кога се постигна договор Русино да биде регионална депонија, надлежните се обврзаа дека во период од 5 години ќе биде дислоцирана и ќе се бара друга посооветна локација…

Јетон Беќири: Со преземањето на Русино, да го менаџира Заедничкото Јавно претпријатие  Русино Полог  многу  се подобрија условите, а и се намали загадувањето, сведоци сме дека ова година речиси сите депонии во Република Северна Македонија беа цело лето под пожар, но во Русино веќе 2 години нема пожар, а и исцедокот во Русино веќе е под  контрола. Со почнувањето на работа како одговорен на депонија Русино, најпрво направивме геодетски мерења, а потоа подготвивме план за работа, па после година дена од работење направиме повторно геодетски мерења, и во споредба на двете мерења и проекција на отпадот што може да се генерира наредните години во полошкиот регион дојдовме до заклучок дека моментала платформа каде се одлага отпадот има рок уште 7 години од 2022, што значи до 2029, со добро менаџирање како до сега ќе можеме да одлагаме отпад во таа платформа дури до 2029. Но треба да се земе предвид и договорот со Стоп Русино, договор кој ни дава само уште 2 години рок на употреба на оваа локација. За изнајдување на друга локација и изградба на нова депонија, може да кажам дека тоа не е во надлежност на ЗЈП РУСИНО и  за тоа треба да одлучуваат градоначалниците во полошкиот регион и МЖСПП.

Ако се продолжи со одлагање на отпадот на Русино со ова темпо и во следните 5 години, колкав е ризикот Гостивар повторно да се соочи со еколошка катастрофа?

Јетон Беќири: Една од најголемите битки што ЗЈП ја има се финансиските средства, со неисплатата на фактурите од страна на комуналните претпријатиа, веќе не сме на можност да функционираме според планот за работа. Поголем дел од депонијата каде го одлагаме отпадот, не сме го  покриле со земја, а тоа може да предизвика пожар, што значи дека ќе се вратиме наназад низ годините. Институциите треба да бидат внимателни со Русино, оваа депонија е најголемата грижа на гостиварци, кои не сакаат да се повторат изминатите еколошки катастрофи, а без содветно одржување тоа веќе е можно.  Јас секогаш  потенцирам дека не треба да имаме страв од стандардизирана депонија, според сите критериуми зошто стандардизираните депонии ги има секаде низ светот, но треба многу да бидеме вознемирени доколку имаме нестандардна и неконтролирана депонија во близина.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 58 минути

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 3 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 6 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 7 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 10 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 11 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 12 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 13 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 14 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена