Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар пресечен меѓународен транспорт на 32 килограми марихуана

Објавено

на

Денеска (03.12.2023) на влезот во Гостивар во заедничка операција на повеќе полициски сектори, координирана од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, спречен е меѓународен транспорт на 32 килограми марихуана, вредна околу 120.000 евра, од Република Албанија во Република Северна Македонија.

„На местото биле запрени две патнички возила „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Првото, во кое биле К.Л.(35) од Скопје, со престој во Горна Матка, В.Б.(46) од Скопје, со престој во Горна Матка и албанскиот државјанин Г.Џ.(42), било претходница. А во второто, кое го управувал М.А(44) од село Грчец, била транспортирана дрогата. На знак за запирање, даден од полициски службеници, возилото не застанало и се обидело да побегне, но набргу било запрено и во багажникот биле пронајдени три торби со околу 32 килограми марихуана. Криминалната група била организирана од септември 2023 година од албанскиот државјанин, кој бил баран со потерница во Република Албанија и други држави од Европската Унија, исто така, за недозволена продажба на наркотици“, информира полицијата

Во периодот од септември до сега тој организирал транспорт на дрога од Албанија во нашата држава, по што во Скопје организирал мрежа на препродавачи. Лицата биле лишени од слобода, а во текот на денот, со судска наредба, биле извршени претреси на пет локации во Скопје, при што биле пронајдени марихуана и други материјални докази за нивната инволвираност во вршење на кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена