Македонија
Искачување и Божествена Литургија на врвот Голем Крчин по седми пат

Возобновената традиција на служење на Света Евхаристија на планинскиот врв Голем Крчин, годинава се испочитува по седми пат. Викендов четириесетина верници, планинари, алпинисти, спортисти учествуваа во искачувањето на врвот, на надморска височина од 2.341 метри и беа дел од светата литургија на Бигорската обител.
„Веќе седма година по ред, откако со благослов на нашиот Старец, Епископот г. Партениј, беше возобновена традицијата за служење на Света Евхаристија на планинскиот врв Голем Крчин, нашиот Тавор на Преображението, нашиот рид на радоста, дел од браќата монаси и сестрите монахињи зедоа подвиг на восходење и на молитвено учествување во Божествената служба, на која ѝ се приклучија и четириесетина духовни чеда на нашите манастири.
„Се појавуваат пасишта по пустините и ритчињата се исполнуваат со радост“ (Пс. 65,12), бидејќи каде што е Бог, таму се случува преображение, таму е и радоста. А нашиот Старец, кој е учител на љубовта и радоста, повторно ни го подари својот благослов да се радуваме на возвишението на Крчин, да вкусиме од убавината на Божјата величественост и гледајќи ги создадените од Бога прекрасни висини и пространства, да ги созерцаваме несоздадените, вечни, духовни висини и пространства. Силното Божјо присуство, особено преку Светата Литургија, ги исполни душите на присутните со вистинска радост, светлина и благодарност. Тоа ретко искуство беше прекрасна оддишка за душата и непроценлив и исклучителен благослов, на кој присутните се удостоија, по молитвената сила испросена од Старецот и по неуморното застапништво на Пресветата Богородица и на Свети Јован Претеча.“, соопштија од Бигорски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024