Локални избори 2017
Истече рокот – Ќе има ли независни кандидати за градоначалник и советници во Гостивар?
Синоќа на полноќ заврши рокот за собирање на потписи за поднесување на листи за независни кандидати за градоначалник и советници за локалните избори. Државната изборна комисија утрово ги објави имињата коишто собирале потписи за поддршка како независни, за да влезат во трка на изборите.
Како што може да се види од списокот, во предвидениот рок за Гостивар нема поднесени независни кандидатури за градоначалник, ниту за советници. Тоа значи дека и на овие избори во Гостивар повторно ќе има само партиски кандидати.
Од вкупно 80 општини во Македонија и град Скопје, поднесени се листи за потписи за 27 независни кандидати за градоначалници и 48 кандидати за носители на советнички листи низ Македонија. Партиите и независните кандидати (со собрани потписи) своите кандидатури треба да ги поднесат до општинските изборни комсиии најдоцна до 14 септември.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија