Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Таравари влегува во трка за градоначалник – Бејта очекува победа

Објавено

на

 

Се ситнат роковите до кога партиите треба да ги официјализираат кандидатурите за градоначалници на општините. За Гостивар до сега извесно е дека сегашниот градоначалник од ДУИ, Невзат Бејта и актуелниот министер за здравство од Алијанса на Албанците, Арбен Таравари ќе се борат за градоначалничката функција.

Таравари и неговата партија синоќа потврдија дека е избран за кандидат за прв човек на Гостивар на престојните Локални избори во октомври. „ Доаѓаат локални избори. Ние сме нова партија, релативно мала партија и сите ние што сме внатре, од претседателот Зијадин Села и јас како генерален секретар, за да им кредибилност нашата партија, за да тежи во општетсвото, за да имаме влијание во сите сегменти на животот, ќе мораме да се вратиме во базата и да добиеме поддршка од граѓаните или да не казнат за тоа како работевме, откако сме создадени како партија.  Народот на 15 октомври е тој што ќе одлучи кој треба да ја води локалната власт, а тоа ќе рефлектира нормално и на централната власт“, изјави Таравари во интервју за агенцијата Макфакс.

Бејта најави дека ќе бара нов мандат од граѓаните на Гостивар уште пред неколку месеци. Денес во изјава за медиумите рече дека ќе ги почитува, но нема да се занимава со своите политички противници и дека очекува победа.

„Со мојата екипа до сега имаме направено многу за градот. Тоа што се кандидирам повторно не е по моја желба, туку на барање на граѓаните, кои знаат да ја ценат мојата работа и заложбите на мојот тим. Од расположението кое го гледам кај нив и со измените на Изборниот законик, сметам дека ќе победиме во првиот круг“, потенцираше Бејта.

Останатите политички партии до сега немаат извадено конкретни имиња за кандидати за градоначалници за Гостивар.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 23 минути

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 2 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 6 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 7 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 10 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 10 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 11 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 13 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 13 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена