Поврзи се со нас

Македонија

Извршителите не ја почитуваат одредбата за застареност на долговите

Објавено

на

Откако во јули минатата година Собранието по препорака на Народниот правобранител ги усвои измените на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување, се почитува одредбата законската казнена камата да биде ограничена до основниот долг  и тој проблем што претходно постоеше, според омбудсманот Насер Зибери, солидно е затворен. Меѓутоа тој денеска реагираше дека не се почитува вториот дел од законските измени во однос на застареноста на побарувањата кон должниците.

Со измените беше утврдено побарување утврдено со извршна исправа да застари доколку во рок од пет години по правосилноста на извршната исправа не се поднесе предлог до надлежниот извршител за извршување или доколку во меѓувреме биде поднесено барање за извршување, но во рок од десет години не успее да биде извршено исто така да застари т.е. апсолутен рок на застарување на извршната исправа односно побарувањата на доверителите кон должниците.

Зибери на прес-конференција денеска рече дека иако тоа е јасно утврдено во Законот за облигациони односи, ги нема очекуваните резултати и продолжиле, како што рече, непрестајно да стигнуваат претставки од граѓани кои бараат помош од Народниот правобранителот затоа што извршителите ги одбивале барањата за престанок на побарувањето односно не донесуваат заклучок за запирање на постапката согласно со измените на Законот.

„Извршителите постојано ги одбиваат ваквите поднесени барања од страна на должниците“, рече Зибери и посочи дека одговорите што ги даваат извршителите во врска со тоа не се унифицирани, се повикуваат на ненадлежност или на неможност да постапуваат бидејќи тоа прашање не е уредено во самиот Закон за извршување туку во Законот за облигациони односи.

Согласно член 86 од Законот за извршување, должникот има право на приговор на одлуката на извршителот до надлежен основен суд, но, рече Зибери, и одлуките на судовите не се унифицирани. Генерално, судовите а приори ги одбиваат приговорите и ги потврдуваат заклучоците на извршителите, но има и помал дел судови (како судот во Куманово и во Битола) кои ги прифаќаат приговорите на должниците и ги ставаат вон сила извршните исправи односно ги враќаат на повторно одлучување кај извршителите.

Зибери  побарал образложенија од судовите за ваквото постапување и нивниот одговор бил дека извршителите не се должи да оценуваат застареност и дека тоа прашање не е уредено со Законот за извршување.

-Со еден збор, измените на Законот за облигациони односи во делот на застарувањето де факто не произведуваат никаков ефект за граѓаните, рече Зибери кој поради тоа, како што рече, побарал средба со Комората на извршители. И тие се повикувале на недлежност и на непостоење обврска по службена должност да се провери застареноста на извршните исправи и, како што рече, одбиваат да постапуваат по барањата на должниците за донесување заклучок да се запре постапката за извршување.

Комората исто така му одговорила на Зибери дека Министерството за правда нема донесено подзаконски акт (образец) односно го нема сменето постојниот во кој е уредена формата и содржината на налозите, заклучоците, записниците и другите постапувања на извршителите и тоа што немаат образец им е аргумент зошто не можат да постапат. Комората го информирала дека се обратиле до Министерството за правда за ова прашање, но Зибери се сомнева во тоа затоа што повеќе од еден месец не одговориле на неговото барање да му го достават тоа нивно обраќање.

Смета дека нема никаква пречка извршителите да донесат заклучок за запирање на постапката за извршување доколку се исполнети условите од член 2 и член 4 од Законот за облигациони односи. Поради тоа, Зибери смета дека Министерството за правда и Комората на извршители со помош од Омбудсманот треба да најдат решение и, како што рече, излез од ваквата ситуација во која „должниците стануваат жртви на игра помеѓу институциите“.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена