Поврзи се со нас

Гостивар

Како есента ни го менува расположението…

Кога долгите сончеви денови стануваат се пократки, боите во природата добиваат есенски нијанси, кај луѓето почнува да се јавува еден вид на вознемиреност, наречена есенска анксиозност. Психолозите објаснуваат дека станува збор за состојба, којашто е условена од надворешни фактори.

„Многу луѓе не се ни свесни дека нивното лошо расположение доаѓа под влијание на временските промени во природата. Тие ги чувствуваат тегобите, но не ги препознаваат причините. Кај повеќето, есенската анксиозност редовно се јавува секоја година“, вели американската докторка Клер Морисон укажувајќи на најчестите симптоми како депресија, раздразливост, поспаност, замор, губење на интерес за секојдневните активности и за дружење и слично.

Како една од причините за овој проблем, медицинарите го посочуваат недостигот од сончева светлина. Помалку Сонце, помалку серотонин – хормон кој е задолжен за доброто расположение, апетит, смиреност. За сметка на неговото намалување, се зголемува лачењето на мелатонин, кој се поврзува со пад на расположението и поспаноста. Исто така, доаѓа до недостаток на Д витамин, кој е многу потребен во борба против депресијата.

 Како може да си помогнете? 

Лекарите советуваат секојдневно да практикувате утринска прошетка. Дваесетина минути надвор со раздвижување, а без поголем напор можат да направат чуда за вашето расположение, да го покренат духот и да ви дадат енергија. Се препорачуваат и некои креативни активности, според интересите и можностите. За некој тоа е плетење, за некој градинарство, за друг цртање, па и готвење и пробување на нови кулинарски специјалитети.

Стручњаците се согласи дека е многу важно да не се изолирате и да избегнувате дружење и контакти. Напротив, потребно е што повеќе да бидете опкружени со луѓе, особено оние кои ги сметате за блиски и искрени.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно