Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Како витаминот Ц не‘ одржува здрави?

Објавено

на

Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина е витамин растворлив во вода кој игра клучна улога во одржувањето на нашето здравје. Се смета за есенцијална хранлива материја, што значи дека нашето тело не ја произведува, туку е неопходно да се внесува преку храната. Се вели дека витаминот Ц е мултифункционален, моќен антиоксиданс кој помага да го заштити телото од оштетување на клетките. Исто така, игра важна улога во растот и развојот на ткивото, заздравувањето на раните и одржувањето на силен имунолошки систем.

Кои се здравствените придобивки од витаминот Ц?

Се бори со оштетување и болести на клетките

Витаминот Ц е антиоксиданс, природна хемикалија која се наоѓа во одредени видови храна. Како антиоксиданс, се смета за невидлив суперхерој во телото чија главна задача е да не заштити од слободните радикали или нестабилните молекули кои можат да ги оштетат клетките, да предизвикаат оксидативен стрес и да ги зголемат знаците на стареење.

Акумулацијата на слободните радикали е поврзана со ризикот од болести како што се рак, срцеви заболувања и артритис. Јадењето храна богата со антиоксиданси, како што е онаа богата со витамин Ц, може да помогне во заштитата на телото од оштетување предизвикано од слободните радикали.

Ги штити очите

Витаминот Ц го штити видот. Се смета дека овој антиоксиданс помага во заштитата од катаракта (заматување на леќата на окото) и ја забавува прогресијата на макуларната дегенерација поврзана со возраста, состојба која предизвикува луѓето да го губат својот централен вид. Познато е дека витаминот Ц делува како антиоксиданс за клетките во мрежницата и макуларната област на окото.

Помага при зараснување на раните

Витаминот Ц го промовира растот на колагенот, кој е важен дел од процесот на регенерација на телото. Колагенот е протеинот кој ја одржува нашата кожа млада. Тоа е еден од клучевите за правилно зараснување на раните – исеченици, гребнатини и хируршки засеци. Според направените изтражувања докажано е дека луѓето кои не добиваат доволно витамин Ц, побавно ги лекуваат раните од оние кои ја добиваат препорачаната количина.

Ја одржува кожата здрава

Кога зборуваме за витамин Ц, првото нешто што ни паѓа на ум е оној што доаѓа од храната. Но, треба да се напомене дека кремите и серумите направени со витамин Ц можат да имаат многу придобивки за кожата, особено за лицето. Козметичките производи кои содржат витамин Ц ги забавуваат знаците на стареење, ги намалуваат темните кругови, па дури и ги подобруваат ефектите на кремата за сончање.

Науката не спие, велат истражувачите, бидејќи постојано се водат студии за откривање на нови здравствени информации, како и информации за многуте ефекти што витаминот Ц ги има врз нашите тела, а неговите придобивки се загарантирани.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена