Поврзи се со нас

Вести

Кеј Вардар: Подрумите и гаражите под вода, над 30 семејства без струја

Објавено

на

 

Обилните врнежи кои во Гостивар не престанаа преку цела ноќ, им создадоа маки на жителите од ул„Кеј Вардар“. Гаражите им се поплавени, подрумите полни со вода каде дождот стигнал и до електричното броило, па било неопходно да се исклучи струјата за цела зграда.

„Ова е проблем од пред 5-6 години. При секои пообилни врнежи ни се поплавуваат подрумите, гаражите. Сме се обраќале до општина и до Комуналец, но топката само се префрла. Канализацијата се затнува и ние сега сме опколени со  вода. Не може да кажеме дека ова е проблем од оваа власт или од претходната, не сакаме да се политизира случајот, но бараме да се реши“, вели Слободан Тасески, станар.

Неговите комшивки јавно прашуваат како и со што да ги згреат домовите, кога дрвата во подрумите им се под вода, а струјата исклучена. „Ни во подрум можеме да земеме дрва, ни со струја да се грееме, ова е катастрофа. Како вештачко езеро пред гаражите“, реагира Вилдан Јашари, станарка.

„Ако не се исклучеше навреме струјата ќе се кренеше зградата во воздух. И сега што да правиме ние? Никого мува не го лази, само не препраќаат од едно на друго место“, вели Тодорка Тримческа.

Жителите бараат проблемот долгорочно да се реши, односно да биде поставена соодветна канализација. „Постоечката канализација веќе нема капацитет, затоа што во последните години тука се изградени нови објекти и куќи.“објаснуваат граѓаните.

Во зградата на ул“Кеј Вардар“ живеат над 30 семејства кои стравуваат како ќе го поминат викендот, ако се земат во предвид најавите за продолжување на врнежите.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена