Спорт
КК Гостивар го „спакува“ и Работнички 87-76

Заврши натпреварот од 4-тото коло во кое кошаркарките на Гостивар ја запишаа и четвртата победа сезонава совладувајќи го Работнички 87-76
Не така лесно гостиварци стигнаа до победата, со оглед на тоа дека Работнички беше во водство поголем дел од натпреварот, но во ниту еден момент не успаа да обезбедат посериозна разлика. По изедначена прва четвртина (23-23), втората им припадна на гостите од Скопје, за на паузата да заминат со позитива од 4 поени, 43-47.
Гостиварци веднаш по почетокот на вториот дел ја анулираа разликата добивајќи го периодот (21-16), за во последните 10 минути се влезе во вистинска „војна“ под обрачите, во која беше тешко да се претпостави кој од тимовите ќе ги зграби бодовите. На пет минути пред крајот Гостивар стигна до највисоки +13 поени разлика, кои со поддршката на публиката во Младост беа доволни за четврта победа на „бело-сините“ и конечни 87-76.
Грузиецот Георги Корсантија со 19 поени повторно беше најефикасен на теренот, Лувејн Пипкинс постигна 17, Максим Митевски 16 поени. Кај Работнички Форте и Марковски беа најрасположени со 18, односно 13 поени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава