Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар со Ѓуроски и Србиновски по нови успеси

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Гостивар денес на прес конфенерција во Скопје ги промовираше новиот тим-менаџер и новиот шеф на стручниот штаб. Имињата се добро познати на целата јавност, а особено на љубителите на кошарката. КК Гостивар всушност активираше дел од „домашните сили“: Младен Ѓуроски за тим-менаџер и Марјан Србиновски за нов шеф на стручниот штаб, се со цел екипата да се претстави при настапот во Првата лига во одлично светло.

Ќе работам посветено и интензивно на значително подобрување на условите за работа и концептот за продуцирање на млади кошаркарски кадри, како играчки така и тренерски, во Гостивар. Овој град секогаш имал и ќе има таленти кои доколку пројјдат низ систематска работа ќе прераснат во идни врвни кошаркари, изјави тим менаџерот на КК Гостивар – Младен Ѓуроски.

„Ми претставува лично задоволство после долги години да сум во можност да придонесам во враќањето на старата слава на мојот матичен клуб, во мојот Гостивар”, изјави новиот шеф на стручен штаб Марјан Србиноски и додаде „Знаејќи ги луѓето во и околу клубот, мотивиран од концептот кој ми беше понуден за кој со сигурност можам да кажам дека е уникатен и ќе служи за пример на останатите клубови во Македонија, го прифатив предизвикот и ветувам напорна работа и максимално залагање на секој поединец на теренот на секој натпревар. Гостиварчани живеат за и со кошарката и уште од сега ме мотивира помислата на преполната сала и атмосферата во истата.”

На прес конференцијата за амбициите на тимот зборуваше Димитар Спасеноски, член на Управниот одбор на КК Гостивар.

„Гостивар е град на кошарката, а КК Гостивар клуб со богата традиција и шампионско минато и тоа е она што им е познато на сите љубители на кошарката, но она што денес го промовираме е развојната сегашност и плановите за иднината, која  сигурни сме дека ќе донесе многу нови радости на спортската јавност во Гостивар и во Македонија. КК Гостивар е долгорочен и амбициозен проект кој има амбиција да биде репрезентативен модел на кошаркарска структура и организираност. Нашите амбиции се поставени на повеќе нивоа и со соодветни цели за секој од нив. Секако за нас најважна е КК Гостивар  да биде регионален развоен центар. Во оваа насока и ангажирањето на две еминенти кошаркарски имиња кои денес ги промовираме. Управниот одбор на КК Гостивар едногласно го избра Младен Ѓуроски за Тим Менаџер и му ја довери во целост организацирањето на кошаркарскиот сегмент од функционирањето на КК Гостивар,”  потенцираше Спасеноски.

Управата на клубот изрази благодарност до поддржувачите и оние кои  придонесуваат за развојот на клубот: „Особена благодарност упатуваме до Советот на општина Гостивар и градоначалникот Невзат Бејта кои го препознаа квалитетот на овој концепт и со својата поддршка овозможуваат клубот повторно да биде гордост на Гостивар и на сите гостиварчани“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена