Гостивар
Кои се Марија и Марко, неуморните спикери што ги читаат вестите на Gostivarpress.mk?

Драги читатели, како што веќе знаете од пред извесен период Gostivarpress.mk започна со емитување на аудио верзија на вестите. Ја увидовме потребата од воведување таква новина, со цел олеснување на пристапот до медиумски содржини за луѓето со попреченост и останатите ранливи категории, да им овозможиме правовремено и точно информирање без дополнителни асистенции, слободен пристап до сите информации и вести со што би им помогнале да го креираат своето мислење, а и како нова олеснителна можност за публиката да ги следи нашите медиумски содржини во разни ситуации.. (при возење автомобил, велосипед, по улица, во јавен превоз, додека пазарува или врши други домашни работи, без да ја менува својата рутина…) што ја прави оваа мултитаскинг идеја модерна и во тек со потребите на денешниот свет.
Но, кои се Марија и Марко неуморните спикери што ги читаат вестите на Gostivarpress.mk?
Милозвучните гласови на Марија и Марко се всушност синтетички гласови кои се напојуваат врз база на модерната вештачка интелигенција (ВИ). Буквално, дигитални роботи создадени за машинско учење кои можат да генерираат говор со природна интонација и вистински акценти, кои обработуваат стотици часови гласовни снимки од вистински изведувачи и потоа учат да зборуваат врз основа на аудио снимките, на кои им се потребни три до пет секунди да го прочитаат текстот и изговорат. Звучи неверојатно, нели?! Искрено, и за тимот кој работеше на целиот овој проект за интегрирање на ВИ на Gostivarpress.mk делуваше неверојатно и малку зачудувачки од брзината на учење, самокорекцијата, прилагодувањето и разбирањето на нештата од страна на „Марија и Марко“.
Инаку, ова е прв ваков проект во Македонија каде вештачката интелигенција се користи во медиумското работење, односно за говорно читање на вести и информирање со помош на ВИ на македонски јазик применувајќи кирилично писмо, што не прави особено горди. Развиено во соработка со компанија од САД, дел од иницијативата – Иновативни производи и пристапи за зголемување на медиумската писменост, за што нашиот медиум доби награда во проектот „Култивирање на локални независни медиуми во Западен Балкан“ (CLIMB).
Како медиумска организација секогаш работиме кон подобрување на услугите за вас, нашите читатели, со што сакаме да дадеме свој придонес во подигнување на професионалните новинарски и медиумски стандарди. Така ќе продолжиме и во иднина. Ви благодариме на довербата и поддршката.
Крај.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!