Вести
Комисијата предлага 58 часа карантин за викендов, Владата се’ уште не донела одлука

Каков ќе биде режимот на движење во престојниот викенд, кога се слават два празника, Бајрам и Денот на сесловенските просветители, до овој момент се’ уште е неизвесно.
Комисијата за заразни болести до Владата доставила предлог, полицискиот час да започне од 19 часот во сабота и да трае до вторник во 5 часот утрото. Информацијата денес ја потврди министерот за здравство Венко Филипче. Причината за ваквиот предлог произлегла од увидувањето дека зголемувањето на бројот на случаи со Ковид 19 изминатите денови е резултат на непочитување на мерките за заштита и групирање на семејни собири.
„Сите случаи кои ги имавме изминативе неколку денови во огромен процент се должат на настани и семејни собири кои се случуваа деновиве. Токму заради тоа непочитување на мерките, имаме нови случаи. Во таа смисла само ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефекти.“, изјави министерот.
Откако на социјалните мрежи и во дел од медиумите се појави информација дека е донесена одлука за викенд карантин, Владата излезе со демант дека до овој момент не одржала седница и нема донесено никаква одлука за ограничувањето на движењето за викендов.
„Денес немаше владина седница и не се донесени никакви владини одлуки. Сите одлуки за мерките за справување со КОВИД-19 се носат исклучиво со владини одлуки. Јавноста веднаш ќе биде информирана кога ќе биде закажана следна седница на Влада, како и за било која следна одлука на Влада“, соопштија од Владата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
1 Коментар