Поврзи се со нас

Вести

Какво време се очекува во оваа работна недела?

Објавено

на

Во деновите од оваа работна недела следува дестабилизација на времето. Денес е понеделник, 139-от ден од годинава. Сонцето изгреа во 5 часот и 13 минути, а ќе зајде во 19 часот и 52 минути. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата, од утринските 16, ќе се искачи до 29-от степен.

Утре (вторник) слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност со услови за пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Температурите ќе се движат од 15 до 29 степени. Веќе во среда нѐ очекува променливо облачно и нестабилно време на моменти со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температури од 14 до 25 степени.

Во четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9-от степен, а максималната дневна ќе се искачи до 19-от степен. Во петок се очекува постабилно време, односно сончево со мала до умерена облачност и температури од 9 до 23 степени.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена