Гостивар
Коњаницата „Бигорски Манастир-Патот до црешовото топче“ по 13-ти пат на марш во чест на Илинден

Коњаницата, која традиционално го реализира Илинденскиот марш, а ја организира здружението „Патот на Црешовото топче – Бигорски Манастир“ од Гостивар, вчеравечер пристигна во Бигорскиот манастир, каде некогаш од страна на монасите биле изработени неколку црешови топчиња за Илинденското востание.
Утрово, комитите-коњаници: Виктор, Никола, Игор, Ристе, Александар, Стефан, Анастасиј, Сашо, Христијан, Гоце, Кристина, Александра, Перо, Јорго, Душко, Росе и Бојан, најпрво зедоа молитвено учество во светата богослужба во храмот на Свети Јован Крстител.
„Од страна на Архимандрит Доситеј, а по благослов на нашиот старец и владика, епископот г. Партениј, со молитва за добробит на Татковината и за успешен пат, беа благословени во нивниот подвиг, полн со љубов кон Бога и кон Татковината, како и со светло сеќавање за нашите пожртвувани, богољубиви предци. Потоа коњаниците, пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело – онаа иста заклетва што некогаш морале да ја положат сите членови на Македонската револуционерна организација. На овој свечен чин претседателот на здружението „Бигорски манастир – Патот на Црешовото топче“, г. Манојил Јаковлески, се обрати до присутните со кратко благодарствено слово и упати посебна благодарност кон нашиот старец и братството за неуморната родољубива дејност и несебичната поддршка за остварување на манифестацијата „Патот на Црешовото топче“.“, соопштија од Бигорски.
Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ го продолжува маршот и по тринаесети пат ќе учествува на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја