Гостивар
Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Група од 16 коњаници, членови на „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ утрово по четиринаесети пат тргнаa кон Крушево во чест на националниот и државен празник Илинден и манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.
Коњаниците во 9 часот тргнаа од Зубовце во Тумчевиште, ги посетија вечните почивалишта на загинатите припадници на безбедносните сили, продефилираа низ Гостивар и со добиениот благослов во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар се упатија кон манастирот „Свети Јован Бигорски“.
Петнаесетгодишниот Никола Даиловски од гостиварско Тумчевиште, годинава беше најхрабриот, односно најмладиот учесник меѓу коњаниците на „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“.

Никола Даиловски (15) годинава најмладиот учесник меѓу коњаниците на „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“.
Утре во 10 часот по литургијата, свечено ќе положат заклетва и со благослов на игуменот Партениј од Бигорски Манастир вкупно 45 коњаници од Гостивар, Скопје, Македонски Брод, Крушево, Струмица, Битола идруги места, ќе го започнат годинешниот марш за Крушево.
Коњаницата ќе го помине патот од околу 200 километри по кој било пренесено првото црешово топче за поддршка на илинденските востаници. На втори август коњаниците ќе учествуваат на прославата 10 дена Крушевска Република.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос