Гостивар
Контрола на мотоциклисти во Гостивар и Тетово, фрчат казни до 250 евра

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со контролни активности за поголем ред и безбедност на патиштата и улиците на тетовско-гостиварското подрачје.
Вчера (4 јули) од 18 до 24 часот спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, во која биле откриени и санкционирани вкупно 25 прекршоци (Тетово-14 и Гостивар-11). Најголемиот број од прекршоците (17) се однесувале на некористење на заштитен шлем, односно кацига, како и за непоседување возачки дозволи и така натаму. На сите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои зависно од прекршокот, се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност, извести полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до мотоциклистите да не седнуваат зад управувач без положен возачки испит и без потребната заштитна опрема. На мотоциклистите им се советува, исто така, да ја прилагодат брзината, да внимаваат на бучавоста, посебно во вечерните часови и задолжително да ја проверат техничката исправност, односно навреме да ги регистрираат.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!