Гостивар
Контроли во локалите низ Гостивар: Инспекторите не откриле непочитување на мерките, но нашле девојки кои работат на црно

Дваесет угостителски објекти на подрачјето на Гостивар биле опфатени синоќа во контролата на службеници од Полициската станица Гостивар и Државниот пазарен инспекторат.
Според информациите од полицијата, во контролите не биле констатирани нерегуларности во врска со почитувањето на уредбите и протоколите на Владата кои се однесуваат на заштита од коронавирусот.
Во еден од објектите биле затекнати како работат две државјанки на Албанија, 38 годишната К.О. и 29 годишната З.А. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка во Полициска станица Гостивар.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на гостиварското подрачје биле казнети 46 лица. Државниот санитарен и здравствен инспекторат пак, изготвил решенија за изолација на 40 граѓани во Гостивар, а извршени им биле контроли на 302 лица со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче