Гостивар
Ликовен конкурс на Црвениот Крст Гостивар, наградата е викенд во Струга

Општинската организација на Црвениот Крст од Гостивар најавува ликовен конкурс, наменет за основци од вишите одделенија на тема “Промоција на хумани вредности”, а ќе се спроведува по повод ПХВ неделата (Промоција на хумани вредности) која се одбележува во периодот од 21-27 септември.
„ПХВ неделата има за цел да се анимираат младите, да се промовира мирот, толеранцијата и соживотот во земјата. Оваа година ја одбележуваме со Ликовен конкурс за деца во основните училишта, поделени во две категории- за ученици од 6 и 7 оделение и 8 и 9 одделение. Може да учествува секој, а техниката на цртање е по избор. Праќањето на творбите треба да биде по мејл ([email protected]) од 12 до 27 септември. Цртежот треба да се фотографира без блиц (со природна светлина) и да се испрати во JPG формат со следни информации: име и презиме на детето, одделение, години, училиште, град, техника на цртање“, информираше Црвениот Крст.
Авторите на најуспешните творби во двете категории ќе добијат награда викенд за цело семејство во Струга во Хотел Солферино.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?