Гостивар
Стотина пијани возачи фатени во Гостивар годинава, акциите продолжуваат

Во изминатите без малку осум месеци од годинава, заклучно со денеска (29 август), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Гостивар вкупно бил откриен 381 возач кој управувал под дeјство на алкохол, од кои 285 во Тетово и 96 во Гостивар). Сите биле исклучени од сообраќај и им биле изготвени соодветни поднесоци по член 228 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
„Според овој член од Законот паричните глоби за управување под дејство на алкохол се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на алкохолизираност на возачот. Покрај тоа, предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година. За оние возачи кои при контрола ќе одбијат да се алкотестираат паричната глоба изнесува 500 евра во денарска противвредност.“, информира полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите и особено до оние кои вршат јавен првоз на патници, но и до сите други, да се воздржат од конзумирање акохол додека возат или ако веќе претходно конзумирале, да не седнуваат зад волан. Зашто, алкохолот го прави своето и најдиректно ја доведува во ризик личната безбедност на возачот, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
СВР Тетово и во месеците што следуваат ќе продолжи со континуираните контролни активности, во чие средиште ќе бидат алкохолизираните возачи и брзо и ефикасно ќе ги санкционира и отстранува од сообраќај.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?