Поврзи се со нас

Вести

Љубов, внимание и посветеност на родителите за среќни деца – порака од Гостивар

Објавено

на

Една од најважните лекции за сите родители е разбирањето дека и родителството се учи, беше порачано на трибината која се одржа вчера во Гостивар, во рамки на кампањата за позитивно родителство, што се спроведува во Република Македонија.  

За развојот на децата во првите години од животот, влијанието на исуствата доживеани во детството во натамошниот живот и родителските стилови и ефекти, пред гостиварци зборуваше Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

„Секој родител е посебен и врската меѓу родителот и детето, љубовта меѓу нив , истотака е посебна. Последните неколку децении научивме многу за начинот на кој растат и се развиваат децата и начинот на којшто имаат оптимална можност за среќен живот. Науката докажа дека во првите години од животот човечкиот мозоксе развива со брзина која никогаш потоа нема да се повтори. Секое  поединечно искуство на детето влијае врз развојот на мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи во текот на животот.“, рече Перкс.

На настанот се обратија и професорките Фиторе Бајрами Абди и Алма Тасевска. „Многу е важно родителите да им дозволат на децата да ги истражат границите на своите можности, да им даваат поттик и да бидат толерантни кон неуспех”, порача Абди.    

Тасевска во своето излагање нагласи: „Од пристапот, топлината, вниманието и посветеноста на родителите зависи колку децата се свесни за сопственото однесување, колку се среќни, дисциплинирани, друштвени и успешни во образованието’.

Настанот беше збогатен со аудио-визуелен перформанс”Тишина” во изведба на Битрикс Културен центар и настап на деца и млади од гостиварското танцово студио “IDance”. 

Кампањата „И родителството се учи“ ја спроведуваат Министерствата за образование, за труд и социјала и за здравство, со поддршка на УНИЦЕФ и ЕУ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена