Поврзи се со нас

Регион

Македонските државјани кои беа во Бањска каде имаше оружен напад, утрово безбедно се упатени кон дома

Објавено

на

Македонските државјани сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во селото Бањска на северот од Косово, каде вчера имаше оружен напад, утрово  безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека тие се упатени кон дома откако биле извршени интервјуата и анализата од страна на косовската полиција.

-По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи оружениот напад врз полицијата, објави Османи.

Шефот на дипломатијата наведува дека косовската полиција вчера веднаш била известена „за оваа ситуација по редовните канали“, а тој лично разговарал и со неговата колешка Доника Гервала-Шварц.

-Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив, додава Османи во објавата на фејсбук-профилот.

Министерството за надворешни работи вчера информираше дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Северна Македонија, од кои едно  дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде беше извршен оружен напад врз косовските полициски сили.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена