Поврзи се со нас

Македонија

Медицинарите најавуваат протест

Објавено

на

Советот на самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита најави протест пред Министерството за здравство во четврток, поради, како што информираа, сѐ уште непотпишаниот анекс на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените.

Како што соопштија на прес-конференција во Сојузот на синдикатите на Македонија, во анексот се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството со различни износи, што, според Советот, би значело одредено позитивно придвижување.

 – До овој момент, и покрај нашите отстапки и со тие одредени пониски износи на бруто корекција на коефициентите, кои во овој момент се пониски од она што би значело бруто корекција на минималната плата од 3.317 денари,  сѐ уште го немаме ниту потпишано анексот на Колективниот договор, ниту пак имаме одредено сознание кога тоа ќе се случи, изјави претседателот Љубиша Каранфиловски.

Според нив, се работи за корекција која во овој момент не соодветствува на она што се случило од двете последни покачувања на платата и доколку до среда не им се презентира она што според нивни сознанија го договориле Министерството за здравство и Фондот за здравство, во четврток ќе излезат на протест.

– Очекуваме најдоцна до среда да ни се презентира што договориле, доколку тоа не се случи, во четврток во 11:55 ги повикуваме сите членови во Синдикатот и сите вработени во здравството, кои нема да бидат вклучени во работниот процес на тој ден, да бидат присутни на протестот, за да го искажеме нашето незадоволство за несериозниот пристап кон сериозно прашање, рече Каранфиловски.

Во врска со прашањето за изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека нема да има пари за здравството, Каранфиловски рече дека токму поради тоа била одлуката за протест и дека после протестот, доколку немаат позитивни сигнали, како што најави, „ќе применат и други мерки на радикалности“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена