Гостивар
Медицинско во Гостивар ќе добие енергетски ефикасна фасада
Во средното медицинско училиште во Гостивар денес отпочнаа работите за реконструкција на фасадата, што ќе придонесе за енергетска ефикасност на објектот. Во услови на енергетска криза, многу е важно да се обезбедат услови за штедење на електричната енергија, потенцираа од училишната управа.
„Нашето училиште како и секогаш, и овојпат се грижи за нашите ученици да имаат најдобри услови. Со овој зафата за обновување на фасадата ќе се добие поголема енергетска ефикасност и во оваа енергетска криза ќе се овозможи помалку да се троши електрична енергија“, истакна пом.директорката Дијана Бојоска.
Инвестицијата се прави со финансиска поддршка на Општина Гостивар, чии претставници го посетија училиштето и го проследија почетокот на работите. „Во медицинското училиште имало многу инвестиции и ние континуирано работиме да ги подобриме условите за учениците и професорите. Денес го следиме почетокот на обновата на фасадата во ова училиште, утре веќе продолжуваме во гимназија, каде треба да започне втората фаза од замена на прозорците, што ја финансира општината. Да потсетиме дека таму заврши првата фаза, која беше поддржана од УСАИД. Работи се изведуваат и во училиштата во Дебреше, Чегране, Србиново, наскоро ќе се започне со зафати и во градинките, и сето тоа се прави со цел за подобрување на условите за децата и кадарот“, изјави раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.
Реконструкцијата на фасадата на медицина се очекува да заврши пред почетокот на новата учебна година. Во ова средно училиште настава следат околу 1.100 ученици.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар