Гостивар
Меморијален марш на годишнината од трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци

На 13-ти февруари се навршува една година од трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци која го зави Гостивар во црно, однесе 16 човечки животи и над 35 повредени. Во спомен на жртвите, на истиот датум, следниот четврток ќе се одржи граѓански марш. Иницијативата доаѓа од група планинари, а ќе биде поддржана од Општина Гостивар.
Маршот во должина од околу 55 километри ќе започне на местото каде што се случи автобуската несреќа кај Ласкарци, а ќе заврши на градскиот плоштад во Гостивар.
-Покрај сеќавање на жртвите од трагедијата, со овој марш имаме намера да испратиме порака до надлежните државни институции да ги преземат сите неопходни мерки за поголема безбедност во патниот сообраќај, како и да ги сензибилизираме сите учесници во сообраќајот вакви трагедии да не се повторат“, велат организаторите.
Општина Гостивар ги повика граѓаните што помасовно да учествуваат на маршот, и најави дека дел од него ќе биде и градоначалникот Арбен Таравари со неговите соработници, кои ќе испешачат неколку километри.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград