Поврзи се со нас

Македонија

Месото и сувомеснатото ќе поскапуваат, месната индустрија алармира на ризиците со кои се соочува

Објавено

на

Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора бара од Владата да ги намали давачките за увоз на суровини за преработки од месо и да обезбеди ист третман со увозните компании во спротивно најавува затворање на капацитетите или нивно селење во соседството. Цените на месото и месните производи ќе поскапуваат поради ризиците за месната индустрија.

„Итно донесете ново продолжување на мерката или некој вид на трајно законско решение за намалување на царината на замрзнато свинско месо наменето за преработка и итно поставете еднакви услови за контрола и правила на игра за сите учесници на пазарот без разлика дали се домашни или увозни“, рече Гоце Трајчев, претседателот на Групацијата за производство на месо и преработки од месо на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека од Владата наместо мерки и активности за подобрување на условите домашните производители добиваат казни од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која домашните компании ги контролира според домашниот правилник за адитиви, а увозните според оние што важат во соседството или во ЕУ. Прецизира дека нашиот правилник дозволува учество на фосфати и полифосфати во преработките од 0,5 или 5.000 единици, а во сите соседни земји и во европскиот правилник е дозволено 0,8 или 8.000 единици.

„Самото месо како природно во себе го содржи овој тип на хемиски соединенија фосфати и полифосфати и кај другите е направена разлика од природни и додадени фосфати. Кај нас таква разлика нема и автоматски имаме лошо пракцитирање и во овие така тешки услови на стопанисување дополнително имаме отежнувања, забрани за пуштање во промет, забрана за производство. Домашните компании се контролирани според домашниот правилник, а увозните според европскиот,“ рече Трајчев.

Васко Ристовски од Стопанската комора посочи дека нашиот правилник не прави дистинкција од природни и додадени фосфати и прецизира дека во ЕУ и во соседството е предвидено не повеќе од 0,5 да бидат додадени и не повеќе од 0,3 да бидат природни фосфати во преработките од месо.

-Кај нас практично се држиме цело време на таа величина 0,5, но се третира како вкупна. Ние имаме земени податоци за производи од странски компании каде што има 0,57, 0,54 и тоа е регуларно кај нас, меѓутоа домашна компанија која направила со 0,51, 0,52 се казнува, се забрануваат цели производни групи итн., што сметаме дека не е во ред, рече Ристовски.

Посочи дека се потребни итни измени на законската регулатива за да се спаси оваа индустрија на која и се заканува тотален колапс.

„Претставниците на оваа индустрија и досега укажуваа дека со важечките пред се царински давачки во оваа индустрија тие беа доведени во крајно нерамноправна положба во однос на индустриите од увозот, пред се од земјите во соседството. Готовите производи од надвор влегуваат со нула проценти давачки, додека домашните преработувачи при увоз на суровина плаќаат од 25 до 35 проценти царина на суровината. Земјите во околината немаат царина, освен Србија каде што е 8 проценти, што е драстично помала царинска давачка од таа кај нас, а во принцип најголемата конкуренција доаѓа токму од таму“, рече Ристовски.

Уште поголем проблем, како што додаде, ќе значи иницијативата Отворен Балкан и дополнителното отворање на границите за производите од соседните земји.

„На овој начин компаниите не само што се доведени во ситуација да ги затворат своите капацитети, туку и да размислуваат за селење на производството надвор од државата“, посочи Ристовски.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 22 минути

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 12 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 14 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 15 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 17 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 18 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 18 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 19 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена