Поврзи се со нас

Македонија

Мицкоски: Ниту има скрининг, ниту преговори има!

Објавено

на

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и уште некои слободоумни пратеници во Парламентот се браникот на македонскиот идентитет. Промената на Уставот гарантирам дека нема да се случи. Гаранција за тоа е зборот на 44 пратеници од Коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и останатите слободоумни пратеници, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на општина Бутел, рече дека фокусот на најавениот референдум ќе биде членот 5, алинеја 4 од Преговарачката рамка, каде што е вметнат протоколот и билатералниот договор, каде ќе треба да одлучат граѓаните дали прифаќаат ваква Преговарачка рамка.

– Ние зборуваме за преговарачката рамка, зошто таа е суштината. Сега нема ништо Бугарија. Таа е повторно изолирана во нејзината намера да се фокусира на протокол и билатерален договор. Бугарија сè уште го нема европеизирано нивното барање и тоа ги прави нервозни, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, добро е што „нема промена на Уставот“, бидејќи, како што рече, ако имаше тие ќе ја усвоеја преговарачката рамка и тогаш ќе беше мат за македонскиот идентитет.

– Ковачевски, Маричиќ, Османи… можат да се обидуваат се да прават, но во суштина народот и пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да им дозволат докрај тоа да го спроведат, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, сега ниту има преговори, ниту тие ќе почнат, бидејќи, како што рече, е јасна позицијата, треба да се смени Уставот за да се отворат преговорите.

– Ниту има скрининг, ниту преговори има. Ова сега што се случува е мониторинг, кој што трае од првиот ден кога ние сме земја кандидат, од 2005 година. Тоа е јасно покажано во документите што вчера ги потпишуваа. Ниту има преговори, ниту ќе почнат. Јасна е позицијата, за во овој момент да се случат преговори потребно е да се смени Уставот, изјави Мицкоски.

Прашан дали е поканет и дали ќе учествува на вечерашниот коктел, Мицкоски рече дека е поканет, но нема да присуствува, бидејќи како што рече, „не мисли дека е добро друштвото таму за коктел“.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја добие довербата од народот на следните избори, Мицкоски рече, дека ќе работат „сите грешки една по една да ги исправува“.

– Ветивме дека сето она што е досега направено, доколку ја добиеме довербата од народот, а јас очекувам според последните анкети ВМРО-ДПМНЕ самата да има мнозинство во Парламентот, овие грешки што се направени изминатите пет години да бидат исправени, а виновниците за сето тоа да одговараат, изјави Мицкоски.

Македонскиот народ, посочи Мицкоски, премногу има дадено за европските вредности и насила биле променети знамето, Уставот и уставното име.

– Насила сега беше прошверцуван обид да се начне македонскиот идентитет. Ако сето ова се европски вредности, простете јас не сакам да ги споделувам. Јас сакам да ги сподлеувам вредностите дефинирани со Копенхагешките критериуми и вредностите дефинирани со Договорот за стабилизација и асоцијација, рече Мицкоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување:

ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

Дали користите PayPal?

Advertisement
Локални избори 2022пред 1 час

Мевмед Џафери: Неуморно ќе работиме, ќе ја промениме сликата за безидејноста!

Локални избори 2022пред 2 часа

Петровска: Со Медат Куртовски, Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива

Македонијапред 4 часа

УХМР најавува локални поројни врнежи во ноќните часови, времето нестабилно и утре

Македонијапред 4 часа

Мигрант влегол во приколка од гостиварски камион, возачот слушнал звуци па викнал полиција

Гостиварпред 6 часа

Ја нападнал сопругата, завршил во ПС Гостивар

Вестипред 7 часа

Од утре почнува Богородичниот пост

Македонијапред 8 часа

Во Тетово потпишан договорот за фабриката за производство на електрични автомобили e.GO

Македонијапред 10 часа

На Табановце и Пелинце се чека околу два часа

Здравје и убавинапред 12 часа

Што е она што всушност предизвикува мигрена?

Македонијапред 13 часа

Нема мајмунски сипаници во земјава, внимателно се следи состојбата во светски рамки

Вестипред 1 ден

Небесен спектакл – Метеорскиот дожд Персеиди вечерва го достигнува пикот

Гостиварпред 1 ден

Состанок во Гостивар: Да нема инциденти на спортските натпревари

Гостиварпред 1 ден

Контроли на патиштата Гостивар-Тетово-Скопје и Гостивар-Кичево

Што, како, каде?!пред 1 ден

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Гостиварпред 2 недели

„Диви трки” на патот Тетово-Скопје: Учествувале момчиња од Гостивар, Тетово и Скопје

Што, како, каде?!пред 1 недела

Нова акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Гостиварпред 2 недели

Нападната девојка во салон за убавина во Гостивар

Гостиварпред 1 недела

Од денес до недела Галичник филм фестивал

Гостиварпред 2 недели

Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар, животот го загубија три лица

Македонијапред 6 дена

Во автобус кој се обраќал на линија Пореч-Гостивар запленето злато вредно над 600 илјади евра

Гостиварпред 2 недели

Жртвите во страотната несреќа на патот Маврово-Дебар на возраст од 35, 42 и 52 години

Гостиварпред 2 недели

Чествување на Илинден во Гостивар во духот на традицијата со народни песни и ора

Гостиварпред 2 недели

Усмртен 52 годишен маж при групна тепачка во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Судир на две возила на патот Маврови Анови-Дебар, повеќе лица повредени меѓу кои и малолетник

Локални избори 2022пред 2 недели

Мицкоски во Требиште и Жировница: Да изградиме општина која обезбедува иднина, д-р Мевмет тоа го може

Гостиварпред 4 дена

Гостивар: Лажно се претставувале како службени лица, со намера да и наштетат на верската заедница

Гостиварпред 2 недели

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 1 месец

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 2 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 2 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Спортпред 3 месеци

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Спортпред 3 месеци

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 3 месеци

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 3 месеци

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Гостиварпред 3 месеци

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварпред 4 месеци

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Културапред 4 месеци

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена