Поврзи се со нас

Гостивар

Министерот Адеми од Дебреше: Инвестираме во училиштата во Општина Гостивар

Објавено

на

Министерот за образование, Арбер Адеми попладнево беше во увид на градежните работи за изградба на спортска сала во ОУ „Фаик Коница“ во гостиварско Дебреше. Од таму, изрази очекување дека салата ќе биде поттик за учениците да спортуваат и да се усовршуваат во спортот.

За разлика од градоначалникот Арбен Таравари, кој во неколку наврати изјавуваше дека Министерството за образование за Гостивар не дава ниту денар, Адеми потенцира дека со пари од буџетот на ресорот што го води во училиштата на гостиварска територија се прават капитални проекти.

„Ова не е единствена инвестиција на Министерството за образование во Гостивар. Ја пуштивме во употреба и спортската сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“, а сме реализирале и други капитални инвестиции во училиштата основани од Општина Гостивар и наменети за децата од Општина Гостивар.“, изјави министерот.

Спортската сала во училиштето во Дебреше е со површина од 1.200 квадратни метри, а изградбата чини околу 38 милиони денари.

Според планот треба да биде готова до крајот на декември, а Адеми рече дека очекува работите да завршат и порано, односно на почетокот од новата учебна година.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена