Забава
Мис Европа 2024 – Македонија се закити со две титули
Изборот за Мис на Европа 2024 се одржа во Бејрут – Либан каде нашата држава беше претставена од страна на тетовчанката Ева Јовановска (20) и Каролина Јончевска (21) од Скопје.
Македонките во Либан се закитија со две награди, при што Јовановска се закити со титулата “четврта придружничка”, а Јончевска ја освои титулата Miss Elegance.
Овогодинешната победничка на Мис Европа 2024 е претставничката на Русија-Роза Гадиева, на второто место се најде девојка од Турција, додека третото место го зазеде Ирина Максимович од Белорусија.
За време на натпреварот во Либан, Гадиева излезе на сцената облечена во историска татарска носија која експертите проценуваат дека чинела околу 14.000 американски долари, бидејќи била извезена со златен конец и обложена со бисери, обезбедени од Министерството за култура на Република Татарстан.
Убавите Македонки се дел од модното студио Црнокрак, а креациите кои ги носеа се дел од македонскиот бренд-Елена Лука.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар