Поврзи се со нас

Вести

Митровденска задушница, во спомен на починатите

Објавено

на

Православните верници денес одбележуваат Задушница, ден кој се посветува на споменот на покојните и молитва за простување на гревовите. По утринскиот парастос во црквата, обичаите налагаат посета на гробовите на најблиските, каде се палат свеќи, се чита молитва и се принесува варена пченица, вино и леб. Меѓу народот многу е раширен обичајот на овој ден на вечните почивалишта да се носи храна и пијалоци кои се раздаваат за душа на покојниот.

Денешната уште се нарекува Митровденска Задушница, затоа што секогаш се одбележува во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

Таравари: Гостивар треба да биде модел за Северна Македонија за меѓуетничките односи

Македонијапред 3 часа

Пендаровски ги потпиша указите за петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 3 часа

Во Градец пуштен во употреба Дневен центар за лица со попреченост

Гостиварпред 5 часа

Нарушен јавен ред и мир во Гостивар на прославата за Ердоган

Македонијапред 5 часа

Бектеши: Нема продолжување на мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи и нема поскапување на струјата

Гостиварпред 6 часа

Реоформен Младинскиот совет во Гостивар

Гостиварпред 7 часа

Тепачка во гостиварска Циглана, приведени неколку лица

Македонијапред 7 часа

УЈП: Рокот за годишните даночни пријави истекува на крајот од овој месец

Македонијапред 9 часа

Одржана 10. државна изложба на македонско овчарско куче караман

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена