Поврзи се со нас

Вести

Мицкоски во Гостивар: Македонија наликува на реално шоу, Заев да се вразуми

Објавено

на

„Македонската јавност е сведок на еден театар кој се случува веќе неколку дена. Кога не би било трагично, би било смешно. Државата повеќе или помалку почна да наликува на едно реално шоу, во кое главен актер е претседателот на Владата. Апелирам до него конечно да се вразуми, да сфати дека илјадници животи зависат од неговото однесување, затоа што сето она што го прави ја води Македонија во комплетно погрешна насока.“, изјави вечерва во Гостивар, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање за негов став за бегството на екс премиерот Никола Груевски, лидерот на ДПМНЕ одговори: „И покрај фактот што Груевски, и голем број други поранешни функционери на ВМРО се жртви на политички прогон од страна на оваа ненародна и криминална власт, предводена од аболираниот политичар, со тој чин не можам нити да се согласам, нити да го оправдам.“

Мицкоски имаше свое обраќање на трибината во Центарот за култура во Гостивар, што ја организираше УМС на тема „Преку Илинден и АСНОМ до Уставот на Република Македонија“. Тој нагласи дека Владата предводена од Заев не остварила ниту едно од дадените ветувања, нема реален допир со потребите на граѓаните и дека на следните парламентарни избори и на престојните претседателски, како што рече – жестоко ќе ги победат.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 8 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 10 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 13 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 15 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 17 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 18 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 19 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 21 час

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 21 час

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена